22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ185 ТВ за податоци на магнетна лента од Sony

185 ТВ за податоци на магнетна лента од Sony

lenta2

„Sony“ разви нова технологија за складирање на податоцтите на магнетна лента, чија густина на снимање на записи е 74 пати поголема од стандардните ленти. Па така го држи првото место во светот по густина на податоци.

Благодарејќи на оваа технологија ќе имаат максимален капацитет од 185 TB. При изработката „Sony“ го искористи процесот кој вклучува инјектирање на јони на аргон во полимерскиот слој, со што настануваат слоеви со магнетски кристални честички. Усовршувањето на тој процес и додавањето на тенок магнетен подслој, „Sony“ успеа да направи слој на фини магнетни честички чија просечна големина е 7,7 нанометри.

Новата технологија на магнетско складирање на податоците ќе биде првпат прикажана на претстојната меѓународна специјализирана конфереција „Intermag Europe 2014“ која ќе се одржи во Берлин.

Презентацијата ќе биде изведена заедно со експертите од „IBM“ кои помогнале во мерењето на густината на податоци во новиот медиум. Засега не е познато кога оваа технологија ќе се најде на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП