3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 308 R ќе се појави на пазарот во 2015-та

Peugeot 308 R ќе се појави на пазарот во 2015-та

3o8 gti r model

Најновите информации укажуваат на тоа дека француската компанија „Peugeot“ ќе го претстави моделот „308 R“ во 2015-та година и тоа како дел од своето „Peugeot Sport“ одделение.

Оваа одлука е донесена врз база на продажниот успех на моделите „208 GТi“ и „RCZ R“, додека „Peugeot“ оваа своја намера веќе ја најави на саемот во Франкфурт претставувајќи го концептот „R“.

Тој автомобил го имаше моторот на моделот „RCZ R“, при што станува збор за подобрена единица со зафатнина од 1.6L со четири цилиндри која развива снага од 270ks и 330Nm вртежен момент.

Истиот извештај укажува дека „Peugeot“ работи на легална верзија за возење по патиштата на моделот „2008 DKR“, како и специјално модифицираниот модел „208 Ti16 Pikes Peak“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП