АВТОБИЗ

30 роденденски свеќи за SEAT Ibiza

asejo

–  Од најдобро продаваниот и најмногу извезуваниот автомобил продадени се близу 5 милиони примероци


– Моделот дебитираше во фабриката во Марторел во 1993


– Џуџаро, Де Силва и  Донкерволке ги ставија своите потписи на четирите генерации
– Специјалниот модел „Ibiza 30”, кој ја одбележува годишнината, ќе излезе на крајот на јуни
IBIZA

Во 1984 година, додека светот аплаудирашер на промоцијата на првиот Apple Mac компјутер, а кога компактниот диск стана многу популарен, истата година беше претставена и првата SEAT Ibiza во фабриката Зона Франка во Барселона. Ibiza е најуспешниот модел во историјата на брендот.

sejo
Оваа година SEAT ја прославува 30-годишнината на моделот Ibiza, автомобил кој беше клучен играч, а денес се смета и за најхаризматичен во историјата на брендот SEAT. Досега вкупно се продадени близу 5 милиони возила. Доколку постои автомобил кој ја идентификува Шпанија во осумдесеттите години – динамичен, амбициозен и пионерски – тогаш тоа  дефинитивно е SEAT Ibiza. Поткрепена со името на медитеранскиот остров според кој го доби своето име, автомобилот Ibiza со своето лансирање означи пресвртница во автомобилската индустрија.