28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo со серии ќе освојува нови корисници

Yahoo со серии ќе освојува нови корисници

yahoo serii

„IT“ компанијата „Yahoo“ соопшти дека има во план да сними две играни серии кои ќе бидат емитувани на нивната интернет страна и преку посебна апликација за мобилните уреди.

„Netflix“, „Hulu“, „Amazon“ и „Microsoft“ се само од некои од компаниите кои се натпреваруваат со традиционалните телевизиски канали за вниманието на гледачите, а сега во „битката“ се вклучува и „Yahoo“.

Авторите кои ги ангажираше оваа компанијата ќе подготват две комични серии, чии епизоди ќе траат по 30 минути, а ќе бидат емитувани на сервисот „Yahoo Screen“ и преку апликацијата „Yahoo Screen“ за мобилните уреди.

Првата серија, „Other Space“, ќе се одвива во 22-риот век во време кога луѓето ја освоиле целата галаксија и се замориле од безуспешната потрага по вонземјани. Меѓутоа, кога научниците ќе откријат нов универзум за кој досега не знаеле, разновидна екипа на Земјани ќе биде бидат испратени да истражуваат, со надеж дека таму ќе најдат нови форми на живот.

За разлика од таа серија, „Sin City Saints“ се случува во сегашно време и тоа во Лас Вегас, а станува збор за тајкунот Џејк кој се обидува да го оствари својот детски сон – да води професионален кошаркарски тим.

„Од кога пред само седум месеци го лансиравме нашиот сервис за емитување на комедии на „Yahoo Screen“, имавме повеќе од 500 милиони прегледи само во САД“, стои во соопштението на компанијата „Yahoo“.

Тие додаваат дека емитувањето на сериите „Other Space“ и „Sin City Saints“ е само еден чекор кон освојувањето на нова публика и нови корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП