28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид убедлив против Баерн Минхен

Реал Мадрид убедлив против Баерн Минхен

real

На убедлив начин со високи 4:0 синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен, екипата на Реал Мадрид го победи се уште актуелниот европски првак Баерн и со вкупни 5:0 се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Полуфиналната пресметка беше решена по само 20 минути игра на реваншот на теренот кај германскиот шампион, кога Серхио Рамос на двапати ја затресе противничката мрежа (16 и 20.минута).

До крајот на првото полувреме Кристијано Роналдо зголеми на 3:0 (34.минута), а Португалецот уште еднаш го совлада Мануел Ноер во 89.минута со гол од слободен удар.

Домаќините слично како и на дуелот во Мадрид имаа поголем посед на топката, но беа немоќни да ја пробијат одбраната на „кралскиот клуб“ која во соработка со средниот ред беспрекорно функционираше.

За Реал ова е прво финале по 2002 година, а хендикеп на завршниот дуел ќе биде неиграњето на Чаби Алонсо кој синоќа по еден непретпазлив старт доби жолт картон, еден имаше акумулирано претходно од друг натпревар.

Кој ќе биде противник на Реал Мадрид во големото финале во Лисабон, ќе дознаеме вечерва по завршување на реванш-полуфиналниот дуел Челзи – Атлетико Мадрид (0:0 прв натпревар).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП