4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung продаде 89 милиони смартфони

Samsung продаде 89 милиони смартфони

South Korea Apple Samsung Trial

Jужнокорејската групација „Samsung Electronics“ продала во првиот квартал од оваа година 89 милиони паметни телефони, што е за 28 проценти повеќе од истиот период во минатата година, но нејзиното учество на пазарот сепак се мали во корист на кинеските конкуренти, покажува студијата на истражувачката куќа „Strategy Analytics“.

Како што пренесува „Reuters“, пазарниот удел на јужнокорејската компанија во првиот квартал од 2014-та година опадна на 31,2 проценти од 32,4 отсто, колку што изнесуваше во првиот квартал од 2013-та. Исто така и „Apple“ го намали своето учество на пазарот на 15,3 отсто, наместо 17,5 проценти колку што имаат во истиот квартал од пред 12 месеци.

Кинеската компанија „Huawei Technologies“ го задржа својот пазарен удел од 4,7 проценти, додека групацијата „Lenovo“ го зголеми својот удел на исто ниво, 4,7 отсто, во споредба со 3,9 проценти колку што имаа во првиот квартал од 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП