18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia и натаму бележи загуби

Nokia и натаму бележи загуби

Finland Nokia

Финската компанија „Nokia“ во првиот квартал се соочи со 30 процентен пад во продажбата на мобилни уреди, и тоа во одделението кое минатата недела официјано беше продадено на американскиот „Microsoft“.

Нето загубата на „Nokia“ во првиот квартал изнесуваше 239 милиони евра во споредба со 272 милиони евра во истиот период од минатата година, додека приходите се намалени на 2.6 милијарди евра од минатогодишните 3.1 милијарди евра, стои во соопштението на „Nokia“.

Заедно со објавувањето на кварталните резултати, „Nokia“ најави нови стратегии и именувања, откако минатата недела заврши со продажбата на своето одделение за мобилни телефони и патенти, кое за 5.44 милијарди евра го продаде на „Microsoft“.

„Nokia“ исто така именуваше нов извршен директор, Индиецот Раџев Сури, кој претходно беше директор на одделението за решенија и мрежи, а кој на финската компанија и се приклучи во 1995-та година.

„Nokia“, како поранешен светски лидер во секторот на мобилни уреди, кој во 2008-та година имаше удел на глобалниот пазар од 40 проценти, не успеа да фати чекор со конкурентите и да одговори на предизвиците како што се „iPhone“, оперативниот систем на „Google“ и на евтините ривали од Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП