4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕден ден на брилијантниот ум: Како се станува здрав, богат и мудар?

Еден ден на брилијантниот ум: Како се станува здрав, богат и мудар?

Bendyamin-Frenklin-300x225

Ова е еден неверојатно брилијантен ум, гордост на американската нација и политичар на 18-тиот век…. Кога се наведува што се работел, потребно е подолго парче хартија, бидејќи Бенџамин Френклин бил и печатач и електричар и политичар и филозоф и иноварот, хуморист и писател и уметник и музичар и војник и амабасадор и татко и дедо и продавач на книги и научник и се чини дека неговиот ден траел повеќе од 24 часа.

Според зборовите на неговиот биограф Карл Ван Дорен, во книгата е претставен како пронаоѓач на громобранот, двофокусни очила, машините за дуплицирање, Френклиновата печка, тој го открил текот и карактеристиките на Голфската струја, прв го вовел уличното осветлување и го реорганизирал поштенскиот систем, а пишувал и научни трудови за електрицитетот. Бенџамин Фрeнклин ја основал и првата јавна библиотека во Америка и Академијата која прерасна во Универзитетот Пенсилванија. Еден од авторите на американскиот Устав и Декларацијата за независност. Многу корисни нешта оставил зад себе и биографите многу често истакнуваат дека тој неговиот ден го користел до максимум, па често му се препишува и изреката „Времето е пари“.

Често рамислувал за животот и продуктивноста и ги запишал овие принципи според кои треба да се водиме доколку сакаме да постигнеме нешто….

– Заспаната лисица нема да ја фати кокошката

– Изгубеното време никогаш не може да се врати

– Мрзеливоста е толку бавна што сиромаштијата лесно ја стигнува

– Раното заминување во кревет и раното станување наутро го прават човекот здрав, богат и мудар

– Нема добивка без болка

– Трудољубивоста е мајка на среќата

– Срамете се ако себеси се фатите дека сте неактивни

– Не дозволувајте сонцето да ве погледне и каже „Тоа е тој, нечесен и срамен“.

– Животот со страст и мрзеливост се две ралични нешта

А вреди да се погледне и распоредот на обврски во еден сосема обичен ден на Бенџамин Френклин со препорака да обратите внимание на левата колона и двете прашања….

benjamin-franklin-tekst

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП