2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple бесплатно ќе ги заменува неисправните копчиња на iPhone 5

Apple бесплатно ќе ги заменува неисправните копчиња на iPhone 5

iPhone-5-volume

Поради зачестените поплаки на корисниците на „iPhone 5“, поврзани со копчето за вклучување, компанијата „Apple“ започнува програма за бесплатна замена на споменатата компонента.

Програмата ги покрива произведените уреди до март 2013-та година и засега е достапна во САД и Канада, а од 2-ри мај ќе важи за корисниците во целиот свет. Американската корпорација до официјалните сервиси ги има доставено сериските броеви на апаратите кои страдаат од проблемот и за да им биде обезбедена замена.

Постапката е следнава: Ја проверувате на страницата на компанијата дали вашиот сериски број е од оние кои се предмет на бесплатна поправка и ако е, можете да го оставите во продавница на компанијата или да го пратите за поправка, пишува „Phone Arena“.

Компанијата ветува дека ќе го добиете уредот саниран за 4-6 дена, откако ќе пристигне во нејзиниот сервисен центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП