3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто има Galaxy S5, а што немаат другите? (видео)

Што има Galaxy S5, а што немаат другите? (видео)

sams reklama

„Samsung“ ја започна првата тв кампања за неодамна претставениот „Galaxy S5“ истакнувајќи ја предноста на неговата ултра „HD“ камера и тоа во однос на „iPhone 5S“.

Едноминутната реклама делува повеќе како опис на производот, отколку на типична реклама, но целта на тоа е потрошувачите да сфатат колку со тој уред „секојдневните моменти можат да бидат подобри“.

Инаку, овој смартфон е отпорен на вода, што многумина сметаат дека тоа е неговата најдобра карактеристика.

И покрај тоа што критиките за неговите останати аспекти се просечни, „Samsung Galaxy S5“ веќе има помоќен старт од својот претходник.

Во првиот ден од продажбата најверојатно е постигнат двојно поголем број на купувачи, што не беше случај во првиот ден од продажбата на „Galaxy S4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП