6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНишто од моделот Аudi A0

Ништо од моделот Аudi A0

audi a0 11

„Audi“ планира до 2020-та година да ја зголеми својата продажба на 2.4 милиони возила годишно, а за да ја постигнат таа цел, Германците меѓу останатото ќе отворат нови фабрики и ќе претстават повеќе нови модели. Меѓу тие новитети во секој случај се и нови членови на семејството „Q“, но кон крајот на минатата година се појавија и гласини за нов градски модел кој ќе биде базиран на „Volkswagen up!“

Верзијата на „Audi“ на моделот „up!“, тогаш неофицијално беше наречена „А0“, но од тоа сепак ништо нема да се случи. Шефот на „Audi“, Руперт Штадлер на саемот во Пекинг и официјално потврди дека компанијата воопшто не работи на автомобил кој ќе биде помал од сегашниот „А1“.

Штадлер објасни дека „А1“ на пазарот поминува сосема добро кога станува збор за продажбата и дека остварува профит, па поради тоа немаат потреба од помал и поевтин модел.

Исто така, Штадлер во Пекинг најави дека „Audi“ во своето семејство на моделите „Q“ би можеле да претстават уште поголем и полуксузен модел, кој би можел да се нарекува „Q8“. Aко „Q8“ навистина се појави на пазарот, тоа би можело да се случи во втората половина на оваа деценија, а би требало да има „e-tron plug-in hybrid“ погонски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП