4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei очекува продажба на 80 милиони смартфони

Huawei очекува продажба на 80 милиони смартфони

huawei_honor_3c

Кинеската компанија „Huawei“ си постави за цел да испорача 80 милиони смартфони ширум светот во текот на оваа година, што е раст од 58 проценти во однос на минатата година.

Од компанијата објавија дека продале осум милиони примероци од смартфонот „Honor 3C“, кој е нивната надеж за подобри резултати, па поради тоа очекуваат во текот на 2014-та да продадат 20 милиони единици.

Со цел за јакнење на имиџот на својот бренд, „Huawei“ порача дека ќе одвои 300 милиони долари за глобален маркетинг, а околу 40 проценти од парите од таа сума ќе бидат потрошени во Кина.

Инаку, „Huawei“ и минатата година имаше голем раст на испораката на смартфони, дури од 62 проценти или бројка од 52 милиони примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП