3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗEлектричниот мотоцикл Johammer J1 (видео)

Eлектричниот мотоцикл Johammer J1 (видео)

johammer 1

Ова е електричниот мотоцикл „Johammer“, кој шест години наназад беше познат како „biiista“, збор кој е втиснат во долниот дел на алуминиумското седиште. Ова необично возило е креација на австриската компанија „Hammerschmid Maschinenbau“, додека дизајнот е дело на „Yellow Works“ дизајнерското студио.

Постојат две верзии на овој мотоцикл. Едната се нарекува „J1. 150“, а другата „J1.200“, со тоа што првонаведената располага со батерија од 8,3 kWh и автономија од 150 km, a другата има батерија од 12,7 kWh и поседува автономија од 200 km. Според „Johammer“, ова е првиот електричен мотоцикл кој може толку далеку да вози со само едно полнење. Спринтерските карактеристики не се познати, но меѓубрзинските да. Од 50 дo 80 km/h забрзува за четири секунди, а од 50 дo 100 km/h за осум секунди.

Компанијата дава гаранција за моторот од 200.000 km, кој во тој период е ослободен од било какво одржување. Исто така гарантираат дека во четири години нема да загуби повеќе од 15 проценти од капацитетот.

Тоа што е интересно за овој мотоцикл е дека нема ножни команди, нема инструмент табла, а екраните се интегрирани во ретровизорите. Купувачите ќе можат да оберат една од петте достапни бои, додека пак цената е 23.000 и 25.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП