20 април, 2024

Samsung Galaxy Beam 2

galaxy beam2

Новиот смартфон се нарекува „Galaxy Beam 2“ и во однос на стариот модел доби нови компоненти, подобра батерија и нов софтвер.

„Galaxy Beam 2“ има „TFT“ екран од 4.66 инчи со резолуција 480 x 800 пиксели, а може да прикаже и 16 милиони бои. Овој уред работи на четиријадрен процесор со такт од 1,2 Ghz, поддржува „microSD“ картичка со капацитет до 64 GB, додека количината на работната и интерната меморија засега не се познати. Задната камера на овој смартфон има резолуција од 5 MP, „LED“ блиц и авто фокус, додека предната има резолуција од само 0.3 MP. „Samsung“ овој модел го опреми со батерија со поголем капацитет – 2600 mAh.

Што се однесува до вградениот проектор „Samsung“ не објави премногу податоци поврзани со него, но се знае само дека поддржува „nHD“ резолуција. Исто како и повеќето производители и „Samsung“ ја игнорира желбата на „Google“ новите уреди да ги испорачуваат со „KitKat“ верзијата на „Android“, па „Galaxy Beam 2“ го користи нешто постариот „Jelly Bean 4.2.2 Android“.

„Samsung“ се уште не го објави точниот датум за почетокот на продажбата, како ни цената на новиот уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП