13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia во Пекинг го претстави концептот K4

Kia во Пекинг го претстави концептот K4

kia-koncept-k4

На саемот за автомобили во Пекинг, „Kia“ го претстави својот концептен модел кој се нарекува „К4“ и кој е направен исклучиво за кинескиот пазар.

Моделот „K4“ е лимузина со многу едноставен, но и лесно препознатлив изглед. Го карактеризира пространа кабина која покрај високиот степен на технологија нуди и одлична безбедност при возењето.

Надворешниот изглед го карактеризира ниска предница, а што се однесува за тоа под хаубата, моделот „K4“ располага со бензински „GDI“ мотор со зафатнина од 1.6-литри и седумстепен менувач со двојно квачило.

Димензиите на овој модел се должина од 4.72 метри и меѓуосовинско растојание од 2.7 метри. Од безбедносната опрема тука се шестте воздушни перничиња, задната камера и „ESP“.

Со производство и продажба на моделот „K4“ во Кина ќе се започне во втората половина на идната година. Најголемиот број на купувачи на овој модел на „Kia“ се очекува да биде популацијата која е во 30-тите и 40-тите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП