25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТелефоните на Xiaomi ќе се продаваат на нови пазари

Телефоните на Xiaomi ќе се продаваат на нови пазари

xiaomi pazari

Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ најави дека официјалната продажба на своите уреди ќе ја прошири во уште десет земји во светот. „Xiaomi“ во моментов многу добро работи, особено во својата матична земја каде има преку милијарда корисници, а нивните модели се достапни и во Тајван, Хонг Конг и во Сингапур.

Компанијата на пазарот се истакнува со квалитетни уреди, како што се моделите „MI2“ и „MI3“ кои се продаваат по конкурентни цени. Шефот задолжен за експанзијата на компанијата на нови пазари е Хуго Бара, поранешен потпретседател на одделението на „Google“ за производи темелени на оперативниот систем „Android“. Сега тој ја врши должноста потпретседател во „Xiaomi Global“.

Земјите во кои „Xiaomi“ ќе започне официјално да се продава се повеќето во Азија. Тоа се Индија, Индонезија, Малезија, Филипини, Тајланд, Виетнам, Бразил, Мексико, Русија и Турција.

Ко-основачот и претседател на „Xiaomi“, Бин Лин, верува дека нивните модели ќе остварат фантастичен успех надвор од Кина, а со тоа и компанијата ќе продолжи да се шири на нови пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП