8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFisker Karma повторно во продажба во 2015?

Fisker Karma повторно во продажба во 2015?

karma vrakanje

„Fisker“ во февруари доби нов сопственик, кинеската групација „Wanxiang“, со што производителот на лускузни хибридни автомобили беше спасен од банкрот. Сега новиот сопственик има напорна работа за да го рестартира производството.

Моделот „Karma“ престана да се произведува во 2012-та, прво поради проблеми со набавката на батерии, а потоа и поради финансиските потешкотии на компанијата. За овој автомобил повторно да започне да излегува од производните погони, пред се најважно е да се одбере нов менаџмент.

Привремениот претседател на компанијата, „Fisker Automotive“, Роџер Браун, вели дека првата задача на новото раководство ќе биде да донесат одлука за тоа каде во иднина „Karma“ ќе се произведува.

После тоа, потребно е да се ангажираат работници, затоа што поголемиот дел од вработените беа отпуштени во 2013-та година, бидејќи компанијата повеќе не беше во можност да ги плаќа. Браун тврди дека е потребно да се вработат 200 стручни работници.

„Моментално сме во потрага на поранешните вработени во компанијата, со оглед дека тие веќе го имаат потребното знаење и вештина“, вели Браун и додава дека во прелиминарните разговори многумина од поранешните вработени сакаат да се вратат на работа.

„За да вработиме потребен број на квалификувани работници ќе ја користиме и базата на податоци со имиња на кандидати кои конкурирале за работа во „Fisker“, но не ја добиле“, објаснува привремениот претседател.

Доколку се биде според планот, „Karma“ повторно ќе се најде на пазарот некаде на половината од 2015-та.

Доколку се постигнат добри продажни резултати, ќе следат и веќе најавените модели, пред се „Surf“ во 2016-та, a потоа и „Atlantic“ во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП