3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ4K екрани за таблети од Japan Display

4K екрани за таблети од Japan Display

ekrani 4k2

Екраните на смартфоните незапирливо растат, како во дијагонала, така и во резолуција. „Japan Display“ одлучи да ја подобри ситуацијата и со екраните наменети за таблети.

Здружението на јапонски производители на екрани, објави дека развива прототип на екран со резолуција 4K (3.840 x 2.160 пискели) и со дијагонала од десет инчи. Ова е доволно за густина на приказот од дури 438 пиксели по инч, што е повеќе од доволно за користење на екранот, при што со голо око нема да може да се видат одредени пиксели.

Исто така, „Japan Display“ тврди дека новиот екран со 4К резолуција не троши повеќе енергија од екранот со резолуција од 2.560 x 1.600 пиксели на истата дијагонала.

Минатата година компанијата произведе 12 инчен 4K екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП