27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо McLaren не сакаат SUV модел

Во McLaren не сакаат SUV модел

mclaren-p1-xl

За разлика од некои други производители на супер-спортски и луксузни автомобили, како што се „Lamborghini“, „Maserati“ или „Bentley“, „McLaren“ нема во план „SUV“ модел.

Извршниот директор на „McLaren“, Мајк Флуит, неодамна ја отфрли можноста оваа компанија да започне со развој на кросовер или „SUV“ возила.

„Искрено верувам дека ги изработуваме најдобрите спортски автомобили на светот“, изјавил Флуит и додал дека поради тоа во „McLaren“ мораат да бидат фокусирани на развојот и производството токму на такви модели.

„„McLaren“ е бренд кој е препознатлив исклучиво по спортски автомобили, па така ќе биде и во иднина“, вели Флуит.

Тој додаде дека компанијата има во план секоја година на пазарот да претстави по еден нов модел, а предвидено е во 2015-та тоа да биде „McLaren P13“.

До 2017-та година производството на „McLaren“ би требало да достигне 4.000 автомобили, во споредба со 1.400 примероци колку што излегоа од фабриката во 2013-та.

Плановите на британскиот производител на супер-спортски модели вклучуваат и ценовен ексклузивитет, па така ниту еден нивни автомобил во иднина нема да биде поевтин од 130.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП