3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов конкурент во сегментот на нискобуџетни паметни телефони

Нов конкурент во сегментот на нискобуџетни паметни телефони

oneplus-one-official

Новосоздадениот производител на смартфони – „OnePlus“, компанија основана од поранешниот потпретседател на „Oppo VP“ – Пит Ло, го претстави својот прв паметен телефон.

Моделот, кој ќе го носи името „OnePlus One“, ќе располага со процесор „Snapdragon 801“ од 2,5 GHz, како и 5.5 -инчен „HD“ екран. Оперативната меморија ќе биде од 3GB, а задната камера ќе е од 13 – мегапиксели. Уредот ќе има стерео слушалки дизајнирани од „JBL“.

Според информациите, смартфонот ќе го користи оперативниот систем на „Android“, а дебелината на телефонот е едвај 8,9 милиметри. Благодарение на материјалите употребени во уредот, тој ќе е релативно лесен, само 162 грама. Задниот панел на смартфонот е направен од пластика, но тој може да биде заменет од бамбус или дрвени материјали.

Таргетирањето на компанијата е исклучително агресивно во однос на цената, па тој ќе се нуди за 299 долари за незаклучената верзија со меморија од 16 GB, што е за 50 долари под цената на „Google Nexus 5“. Моделот со меморија од 64 GB ќе се нуди за 349 долари.

Првично, смартфонот ќе биде достапен во САД , Канада , Велика Британија , Хонг Конг, Тајван и во неколку европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП