29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕпл: патент против пишување смс за време на возење

Епл: патент против пишување смс за време на возење

apleo

USPTO (United States patent and Trademark Office) објави документ од каде се гледа дека Епл патентирал технологија со која ќе ги спречи возачите во пишување и испраќање СМС пораки во текот на возењето.

Одобрениот патент носи наслов „river handheld computing device lock – out“, а опишан е како интелегентен систем, кој препознава дали корисникот управува со возило и во тој случај оневозможува испраќање СМС пораки.

Патентот опишува два начина на кои Епл планира блокирање на испраќање пораки. Првиот, со помош на вградување сензори во iPhone детектира дали личноста е во движење и со која брзина се движи, додека другиот се однесува на сигнал, со кој самото возилото би ја оневозможило споменатата функција откако ќе утврди дали возачот се обидува да пишува порака за време на управувањето возило.

Системот е доволно паметен, па е во состојба да препознае дали личноста која се обидува да користи iPonhe седи на возачкото или на друго седиште внатре во возилото, па зависно од тоа дозволува или недозволува употреба на iPhone во текот на возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП