4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота е првиот производител кој продаде над 10 милиони возила

Тојота е првиот производител кој продаде над 10 милиони возила

tojota koli prodazba

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота продаде 10.130.000 возила низ целиот свет за последната година.

На овој начин Тојота стана првиот производител на автомобили во светот, кој за 12 месеци има продадено повеќе од 10 милиони примероци. Во споредба со финансиската 2012-та година, Тојота ја зголеми продажбата за половина милион возила.

Компанијата продолжува да биде светски лидер во продажбата и во првата четвртина на 2014 -та, а за овој период продаде 2,58 милиони возила. Трет последователен квартал Јапонците се пред своите најголеми конкуренти Џенерал моторс и Фолксваген, кои во периодот јануари-март имаат продено по 2,4 милиони автомобили.

Тојота ја врати титулата на најголем автопроизводител во светот во 2012-та година, кога на купувачите им испорача 9,75 милиони возила. Пред тоа во ова рангирање лидер беше американската компанија Џенерал моторс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП