4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕпидемија на „зависници од мобилни“

Епидемија на „зависници од мобилни“

telefoni zavist

Бројот на луѓе кои ги користат апликациите на своите паметни телефони и таблети повеќе од 60 пати на ден, двојно се зголеми во изминативе 12 месеци. Тоа значи дека има двојно повеќе кои ја преминале границата и кои експертите ги означуваат како „навлечени на гаџети“.

Како што пишуваат одредени медиуми, просечен корисник на паметен телефон ги вклучува своите апликации десетина пати дневно, но аналитичарите од компанијата „Флари“ велат дека зависниците тоа го прават повеќе од 60 пати.

Аналитичарите ги користеле податоците од 500.000 апликации на 1.3 милијарди телефони ширум светот и објавиле дека бројот на „зависници од мобилни“ во периодот март 2013-та и март 2014-та пораснал од 79 милиони на 176 милиони.

Меѓу зависниците повеќето се жени и тоа околу 15 милиони, а очекувано најголемиот дел од нив припаѓа на младата популација.

Сепак, новите податоци покажуваат дека и средновечните родители полека потпаѓаат на влијанието на паметните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП