18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПронајди ја разликата! (фото)

Пронајди ја разликата! (фото)

razlika

Малкумина се тие кои гледајќи го „Mercedes Concept Coupe SUV“ најпрво не помислиле на „BMW X6“. Од „Mercedes“ не кријат дека нивниот нов автомобил настанал со идеата на пазарот да му конкурира на баварскиот модел, но се поставува прашањето дали дизајнерите можеле таа намера малку подобро да ја „прикријат“?

Кога некој производител на автомобил прв на пазарот ќе претстави специфичен модел, кој припаѓа на целосно нов сегмент на возила и кој постигнува добри продажни резултати, тогаш конкурентските компании се во проблеми.

razlika 1

Како да се конструира сопствен автомобил од истиот сегмент, а притоа да се остане оргинален?

„BMW“ своевремено зачекори во непознатото и ризикуваше со моделот „Х6“, но тоа им се исплатеше. Со оглед на изразениот ривалитет на двата германски премиум производители, беше прашање на време кога ќе се појави сличниот модел на „Mercedes“.

razlika 2

Тоа се случи на актуелниот саем за автомобили во Пекинг, каде премиера имаше „Concept Coupe SUV“.

Иако „Mercedes“ се уште официјално не потврди дали овој концепт ќе влезе во сериско производство, ќе биде навистина интересно доколку тоа не се случи.

razlika 3

Меѓутоа, пред да се појави продукциската верзија, германскиот производител во јавноста ќе мора да го одбрани неговиот дизајн, кој многу потсетува на „BMW X6“.

Двата автомобили навистина наликуваат кога станува збор за силуетата, пропорциите и димензиите, но и некои детали од надворешноста.

razlika 4

Сличноста до одредени мерки е неминовна со оглед дека конструкторите и дизајнерите на „Mercedes“ добиле од своите шефови иста задача која пред неколку години се најде на работните маси на нивните колеги од „BMW“.

Лаички, наједноставно е да се обвини „Mercedes“ дека го ископирал „BMW X6“. Нешто слично се случи и со „BMW“ кога неодамна го преставија моделот „Serieѕ 2 ActiveTourer“ кој му конкурира на „Mercedes B сlasѕ“

razlika 5

Кога во предвид ќе се земат ограничувањата кои пред дизајнерите ги поставува сегментот за купе-кросовер возила, дадените димензии и аеродинамички предизвици, се поставува прашањето во која мерка концептот на „Mercedes“ би можел да биде поразличен од „BMW X6“?

„Mercedes Concept Coupe SUV“ и „BMW X6“ можете да ги споредите на прикажаните фотографии, а за вашето мислење за сличностите и разликите на двата автомобили можете да дискутирате во коментарите.

razlika 6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП