9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПет игри за Android кои имаат фантастична графика

Пет игри за Android кои имаат фантастична графика

igra naslovnaa

Повеќето веројатно се задоволни со осумбитни игри каква што е „Flappy Bird“. Но, знаеме дека меѓу вас има и такви со поголеми барања кога станува збор за графиката.

Еве пет игри кои со реалниот изглед ќе ве остават без зборови.

„Real Racing 3“

igri grafika

Оваа бесплатна игра, сепак ја критизираат поради многуте работи кои морате да ги купите со вистински пари за во играта да бидете успешни. Но, сепак тоа е една од игрите со најдобра графика која во денешно време може да се понуди за „Android“. За жал, тоа се одразува и на нејзината големина, па ќе ви биде потребна меморија од 1.6 GB. Од друга страна, нема реклами и може да се игра „offline“. Играта бара „Android 4.0“ и понови верзии.

„Dead Trigger 2“

igri grafika1

Второто продолжение на популарната игра во која убивате зомби бара подобар хардвер и екран со висока резолуција. За возврат ви нуди искуство како никоја друга. Дури и да не сте љубител на овој жарн на игри, треба да ја тестирате само да и си восхитувате на графиката. И таа ќе ви зафати голем дел од меморијата на вашиот уред (414 MB), а и неможете да ја играте доколку не сте поврзани на интернет. Бесплатна е, нема реклами и бара „Android 4.0“ и понови.

„Ravensword: Shadowlands“

igra nova

Овој „RPG“ ве води низ епска авантура во огромна пустина, која чека некој да ја открие. Пејсажите се спектакуларни и пријатни се за гледање. Оптимизирана е за „Tegrа 3“, но ќе работи и на било кој чипсет на „Nvidiа“. Врската со интернет ќе ви биде потребна но само на почетокот. Чини 6.99 долари, нема реклами и бара „Android 4.0“ или понова верзија.

„Wild Blood“

igri grafika3

Уште еден фантазиски наслов, по иста цена како и „Ravensword“ и со многу импресивна графика. Зад неа стои „Unreal Engine“. Меша елементи од легендата за кралот Артур и витезите од тркалезната маса со акциона игра. Не очекувајте премногу приказни, туку восхитувајте се на сликите и пејсажите. Нема реклами, не и е потребен интернет и бара „Android 2.3“ или понова верзија на овој оперативен систем.

„Assassin’s Creed Pirates“

igri grafika4

За разлика од претходната верзија, авторите на оваа игра се потрудиле и околу приказната и околу изгледот. Почетокот на играта е мапа која ќе ве одведе на бројни авантури, било да спасите стар познаник или дома да се вратите со плен од грабеж. Ќе ви се спротивстават пирати, топови, мечови и многу слични работи. Моментално е на распродажба, па можете да ја добиете за 2.47 долари, а инаку чини 4.99 долари. Оваа игра нема реклами, нема потреба од користење на интернет, но бара „Android 3.2“ или понова верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП