24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Нокиа“ заминува во историјата

„Нокиа“ заминува во историјата

nokia-asha

Одделот за мобилни уреди на финската компанија „Нокиа“ од крајот на април би требало да го носи името „Мајкрософт Мобајл“.

Според договорот во вредност од седум милијарди долари за преземање на „Нокиа“ од страна на „Мајкрософт“, се предвидува името „Нокиа“ повеќе да не се користи во контекст на производство на мобили уреди.

Од крајот на април мобилното одделение на компанијата „Нокиа“ би требало да го носи името „Мајкрософт Мобајл“, наместо досегашното име „Нокиа Корпорејшн“.

Компанијата ќе остане со седиште во Финска, а ќе функционира како огранок во целосна сопственост на „Мајкрософт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП