25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКаков ќе биде LG G3 Mini?

Каков ќе биде LG G3 Mini?

lg-g3-mini

Компанијата „LG“ речиси со сигурност ќе претстави помал и повеќе прифатлив модел во својата линија „G3“. Се појавија и првите гласини за тоа што тој уред ќе поседува.

Спецификациите наведуваат екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели, но дијагоналата на екранот засега не е позната. Задната камера ќе има резолуција од осум мегапиксели, а уредот ќе се испорачува со „Android 4.4.2 KitKat“.

Се претпоставува дека „G3 Mini“ во продажба ќе се најде веднаш по „големиот брат“, моделот „G3“, чија презентација се очекува наскоро.

Поголемиот модел би требало најверојатно да биде со 5.5 инчен екран со „QHD“ резолуција и со камера со резолуција од 13 мегапиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП