2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе развива нискобуџетен Nexus!?

Се развива нискобуџетен Nexus!?

LG Nexus 5 stigao u Vip ponudu

Интернет гигантот „Google“ развива нов нискобуџетен смартфон под брендот „Nexus“, соопштуваат неколку извори.

Според публикациите во кинеските медиуми, американската компанија ќе користи евтин чип од компанијата „MediaTek“, што ќе овозможи цена од околу 100 долари за уред. Според изворите моделот „Nexus“ со сличен чип ќе е ново засилување во семејството и нема да го смени моменталниот уред „Nexus 5“.

Смартфонот ќе е директен конкурент на нискобуџетните линии на производители како „HTC“, „Lenovo“ и „Sony“, кои користат чипови „MediaTek“ во своите најевтини уреди. Ако податоците се вистина, тогаш компанијата ќе претстави два модела „Nexus“ во оваа година – заменикот на „Nexus 5“, како и евтиниот смартфон во опсег од 100 долари.

Новите уреди веројатно ќе бидат презентирани за време на конференцијата за програмери на апликации од 25-ти до 26-ти јуни оваа година. Се шпекулира дека на оваа конференција „Google“ ќе претстави и нова генерација на таблети „Nexus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП