28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ги враќа парите на купувачите на Virus Shield

Google ги враќа парите на купувачите на Virus Shield

app virus pari

Во почетокот на овој месец во продавницата „Google Play“ се појави антивирусна апликација за која подоцна се испостави дека не прави апсуолутно ништо, освен што ги празни новчаниците на корисниците за 3,99 долари.

Набргу „Google“ ја отстрани апликацијата од понудата, а исто така го блокираше и нејзиниот автор. Меѓутоа, беше нејасно што ќе се случи со парите на 30.000-те корисници кои ја купиле оваа спорна апликација. Особено кога по блокадата се јави и самиот автор на апликација кој тврдел дека кај него не завршил ниту еден цент од продажбата.

Сепак, корисниците кои ја купиле спорната апликација можат да земат здив, затоа што „Google“ одлучи на измамените корисници да им ги врати парите и да ги награди со дополнителни пет долари кредит. Добиениот бонус тие можат да го искористат за купување внатре во продавницата „Google Play“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП