7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинезите даваат речиси милијарда долари за спас на Волво

Кинезите даваат речиси милијарда долари за спас на Волво

Шведскиот производител на автомобили Волво, во сопственост на кинеската компанија Џули, соопшти дека има добиено заем од 922 милиони евра од Кина за рефинансирање на кредитите и другите обврски.

Волво и Развојната банка на Кина потпишаа заем од 922 милиони евра кои доспеваат во 2020 година. Тој кредит ќе биде искористен за рефинансирање на постоечките обврски на компанијата Волво автомобили, соопшти компанијата.

-Кредитот сведочи за верувањето на Развојната банка во силата и одржливоста на глобалниот бизнис план и стратегијата на Волво автомобилите, изјавија од Волво.

Шведската компанија во 2010 година ја купи компанијата Џули од тогашниот сопственик Форд. Волво е во длабоки тешкотии и го загуби пазарот, а неговите акции „паднаа на црвено“ во првата половина од 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП