3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши одисејата на Мојс на „Олд Трафорд“

Заврши одисејата на Мојс на „Олд Трафорд“

tolku bese

Почетокот на денешниот ден донесе одлична вест за сите фанови на Манчестер Јунајтед. Пред неколку минути, BBC соопшти официјално дека Дејвид Мојс веќе не е менаџер на „црвените ѓаволи“. Шкотскиот стручњак го напушта „Олд Трафорд“ по само 10 месеци, тој не успеа да го наследи сонародникот Сер Алекс Фергусон.

Клупскиот сајт на англискиот шампион веќе официјално ја соопшти разделбата со својот тренер, изразувајќи благодарност за неговата посветеност и напорна работа.

Потсетуваме дека поранешниот тренер на Евертон потпиша договор за 6-години, но лошите резултати на Јунајтед во оваа сезона се покажа фатални за неговата иднина.

„Црвените ѓаволи“ се на седмото место во Премиер лигата, подобрувајќи бројни анти-рекорди. Особено тешко ги примија и поразите во големите дерби дуели каде Вејн Руни и компанија запишаа срамни загуби од Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи. Јунајтед не се претстави на ниво и во Лигата на Шампионите, каде отпадна уште на четвртфиналната фаза, бидејќи беше елиминиран од Баерн Минхен.

Освен тоа што го лиши клуб од учество во Лигата на Шампионите во следната сезона, Дејвид Мојс стана непријател и за своите фудбалери. Негативни коментари на негова адреса имаше од страна на Андерсон, Рио Фердинанд и Робин ван Перси. Дани Велбек пак дури посака да замине во знак на се помалата минутажа.

Главниот кандидат за функцијата менаџер во Јунајтед е Јирген Клоп. Според одредени медиуми, раководството на Јунајтед веќе разговарало со Клоп. Се шпекулира дека тој ја посакувал работата, но најверојатно потоа се предомислил.

„Црвените ѓаволи“ се сретнале и со Луис ван Гал, кој ќе е слободен, откако ќе му завршат обврските со репрезентацијата на Холандија по Мундијалот во Бразил. Привремено тимот на Јунајтед најверојатно ќе биде воден од Рајан Гигс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП