10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинеска лимузина вредна над 800.000 долари

Кинеска лимузина вредна над 800.000 долари

hchc 01

Што е заедничко помеѓу „Bentley Flying Spur“, „Ferrari 458“ и стан со површина од 175 квадратни метри во Саут Бич, Флорида? Сите тие чинат помалку од 803.000 долари – износот што кинески бизнисмен го платил за луксузната лимузина „Hongqi L5 luxury“.

„Hongqi“, што на кинески значи „Црвено знаме“, е предводник на кинескиот автопроизводител „FAW Group“ и одамна е приоритетен автомобил на лидерите на Кинеската комунистичка партија.

hchc 02

Точните карактеристики на моделот засега не се познати, но според „China Auto Web“, сите модели од „L“ – серијата располагаат со 6-литарски V -12 мотор со моќност од 402 коњски сили.

Автомобилите на „L“ – серијата, исто така, се опремени со „паметна“ технологија, погон на сите четири тркала и користат хидропневматична суспензија. Лимузината  тежо 3,1 тони и претставува неверојатна мешавина од модерни и ретро црти. Страните и задниот  дел од автомобилот личат на „Rolls- Royce Silver Seraph“/ „Bentley Arnage“ од крајот на 90-тите години и почетокот на новиот век, додека предниот и дефинитивно изгледа старомодно. Дизајнерите на возилото се користеле за инспирација дел од елементите на автомобилот на лидерот Мао – „Hongqi CA770“ од 60-тите години на минатиот век.

hchc 03

Според „Bloomberg“, производителот „FAW“ почнал да прима нарачки за „L“ – серијата во оваа недела на автомобилскиот саем на Кина. Одлуката на „FAW“ да ја пренасочи „L“ – серијата од автомобили да се користи исклучиво за транспорт на првите луѓе во државата во комерцијален производ, а тоа може да биде интерпретирано како обид да се извлече профит од повиците на кинеската влада за потрошувачката на повеќе домашни брендови.

Кинеската влада дури забрани купување на странски автомобили со државни пари. Кинескиот бизнисмен кој платил 800.000 за возилото, споделил пред „Bloomberg“ дека тоа најверојатно ќе му биде доставено во рок од 3 месеци. Освен сопствените марки, „FAW“ произведува автомобили и за „Audi“, „General Motors“, „Toyota“ и „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП