7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNearby Friends e новата услуга на Facebook (видео)

Nearby Friends e новата услуга на Facebook (видео)

fb nova

„Facebook“ пушта нова услуга, која ќе им овозможува на корисниците да ја споделат локацијата во реално време. Функцијата се нарекува „Nearby Friends“ и за сега ќе е дел од главната апликација на социјалната мрежа за „iOS“ и „Android“.

Преку неа корисниците ќе можат да дознаат кои нивни пријатели се наоѓаат во нивна близина.

„На пример одите во кино, а „Nearby Friends“ ќе ве извести доколку имате пријатели во близина, со кои заедно ќе го гледате филмот или да се види по тоа“, објасни продукт менаџерот на „Facebook“, Андреа Вакари.

Од компанијата додаваат дека функцијата е по желба и треба да биде активирана од страна на корисникот за да работи. Таа нема да ја споделува локацијата му без експлицитна дозвола на корисникот за тоа.

Корисниците ќе имаат и опција кои пријатели и во кое време да им ја гледаат локацијата, дури и функцијата да е активирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП