3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A3 Sedan e „Светски автомобил на годината“

Audi A3 Sedan e „Светски автомобил на годината“

car of year

На актуелниот авто-саем во Њујорк, „Audi A3 Sedan“ е прогласен за најдобар модел во изборот „Светски автомобил за 2014“ (World Car of the Year 2014). Наградата е за сите модели од семејството на третата генерација на „Audi A3“, a титулата е освоена во конкуренција на „BMW Serieѕ 4“ и „Mazdа 3“.

За победникот одлучуваше меѓународно жири составено од 69 челнови од 22 земји. Иако во официјалната конкуренција беше „A3 Sedan“, на овој начин е наградена комплетната трета генерација на овој автомобил чија понуда ги вклучува хечбек верзиите со 3 и 5 врати и кабриолет верзијата.

Покрај моделот со конвенционален мотор, „Audi A3“ е достапен и во варијантата „g-tron“, која се придвижува на природен компресиран природен гас, а наскоро на пазарот се очекува „e-tron“ модел со „Plug-In“ хибриден погонски систем.

Претходниот победник во изборот „Светски автомобил на годината“ беше седмата генерација на моделот „Golf“, додека во 2012-та титулата му припадна на уште еден автомобил од „Volkswagen“ групацијата, моделот „Up!“.

car of year1

Во Њујорк беа прогласени и победниците во категориите: Најдобар луксузен автомобил, Најдобар спортски автомобил, Најдобар еколошки автомобил и Најдобро дизајниран автомобил.

За најдобар луксузен автомобил во светот е прогласен „Mercedes S сlasѕ“, пред моделите „Range Rover Sport“ и „Bentley Flying Spur“.

car of year2

Најдобар спортски автомобил во 2014-та година според одлуката на жирито е „Porsche 911 GT3“, a финалисти во оваа категорија беа и „Chevrolet Corvette Stingray“ и „Ferrari 458 Speciale“.

Значаен резултат во Њујорк оствари и ривалот на „Audi“, „BMW“. Нивниот електричен модел „i3“ освои дури две награди, титулата за „најзелен автомобили“ во конкуренција на „Audi A3 Sportback g-tron“ и „Volkswagen XL1“, како и признанието за најдобро дизајниран автомобил во светот за 2014-та година, пред „Mazdа 3“ и „Mercedes C сlasѕ“.

Интересно е тоа што сите пет овогодишни освојувачи на титули се модели на германски производители на автомобили.

car of year3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП