13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСe создава четвртата најголема бродска компанија во светот

Сe создава четвртата најголема бродска компанија во светот

hapag

Германската компанија за бродски транспорт „Hapag-Lloyd AG“ и чилеанскиот конкурент „Compania Sud Americana de Vapores“ соопштија дека ќе се соединат, а со тоа ќе станат четвртата по големина компанија за бродски превоз во светот.

Од „Hapag-Lloyd“ соопштија дека по соединувањето, кога ќе биде одобрено од надлежните тела за заштита од конкуренција, новата компанија ќе има околу 200 бродови и годишен обрт од околу девет милијарди евра.

Јужноамериканскиот партнер „CSAV“ во новата компанија ќе има удел од 30 проценти.

Другите важни акционери во компанијата ќе бидат милијардерот Класу-Михаел Куехен и пристаништето на градот Хамбург, во кое се наоѓа седиштето на „Hapag-Lloyd“.

Најголема компанија за бродски превоз е данскиот конгломерат „Maersk“, a следат швајцарски „MSC“, француски „CMA CGM“ и тајванската компанија „Evergreen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП