29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрофејот од Кралскиот куп за Реал Мадрид

Трофејот од Кралскиот куп за Реал Мадрид

real-madrid

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија шпанскиот Куп на кралот откако синоќа во финалето одиграно во Валенсија ја победија Барселона со 2:1.

Анхел ди Марија во 11.та и Герет Бејл во 85.минута ги постигнаа головите за Реал, додека единствениот погодок за Каталонците беше дело на Бартра во 69.минута.

Реал играше без својот најдобар играч Кристијано Роналдо, но и покрај тоа беше подобар противник и имаше повеќе шанси за гол.

Јунак на финалето беше велшкиот репрезентативец Бејл кој победоносниот гол го постигна истрчувајќи повеќе од половина терен.

Барселона во самиот финиш преку Нејмар можеше да изедначи, но ударот на Бразилецот заврши во дирекот.

Од таборот на поразениот тим по натпреварот искажаа незадоволство од судиската одлука при постигнување на водечкиот гол за Реал.

Тие сметаат дека стрелецот Ди Марија во моментот на добивање на топката се наоѓал во недозволена „офсајд“ позиција.

За каталонскиот тим ова е уште еден „удар“ сезонава. По елиминацијата од Лигата на шампионите, Лионел Меси и соиграчите остануваат без трофејот и во националниот куп, па им останува за спас на сезоната да се надеваат на триумф во Примера Дивизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП