2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry ќе се фокусира на QWERTY телефони

BlackBerry ќе се фокусира на QWERTY телефони

blackberry telefoni

Минатата недела, Извршниот директор на компанијата „BlackBerry“ беше погрешно протолкуван, со оглед дека неговата изјава беше пренесена така што можеше да се претпостави дека „BlackBerry“ ќе го продаде својот бизнис со телефони.

Тој подоцна објасни дека тоа сепак нема да се случи. „BlackBerry“ во последниот квартал успеа значително да ги намали загубите, но работењето на оваа компанија и натаму неможе да се оцени како позитивно.

Џон Чен (CEO на компанијата), рече дека неговата компанија во иднина ќе продолжи да произведува телефони, но дека фокусот ќе биде на тоа што бизнис корисниците го бараат – телефони со „QWERTY“ тастатура од висока класа. Ова се поклопува со неговите изјави кои ги даде за време на интервјуто за „CBC“.

Најверојатно, бизнис корисниците на „BlackBerry“ телефоните не се задоволни од новите уреди без тастатура и со екран чувствителен на допир. Се прецизира дека „BlackBerry“ ќе се фокусира на само на телефоните со „QWERTY“ тастатура, но тие и натаму ќе имаат екран чувствителен на допир. Останува само прашањето колку „BlackBerry“ е во право дека корисниците сакаат физичка тастатура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП