25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа редизајнираниот MINI Countryman (фото)

Вака изгледа редизајнираниот MINI Countryman (фото)

countryman

„MINI“ го претстави освежениот „Countryman“. Козметичките промени на автомобилот се скоро незабележливи, но палетата на мотори значително е подобрена со цел да ги задоволи „Euro 6“ стандардите.

Разликите во дизајнот меѓу актуелниот и редизајнираниот модел веројатно ќе ги забележат само најголемите фанови на „MINI“ автомобилите и тоа со внимателна споредба на фотографиите на овие две возила.

countryman1

Малку да помогнеме – на предниот дел промените се сведуваат на различниот дизајн на решетката на ладилникот, додека дневните светла и магленки се со „LED“ технологија која сега е стандардна на верзиите „Cooper S“ и „John Cooper Works“.

Исто така, сите модели се со „ALL4“ погон како стандарден дел од опремата и добија заштитни додатоци за теренско возење на долниот дел на браниците и праговите.

countryman2

Во понудата се и нови 17-инчни алуминиумски бандажи, а палетата на боја е збогатена со нови металик нијанси: „Jungle Green“, „Midnight Grey“ и „Starlight Blue“.

Како опција, сега е достапен и естетски „Piano Black“ пакет за надворешноста. Пакетот се состои од високосјаен материјал со кој се наоѓа околу фаровите и се обложени куќиштата на ретровизорите и покривните шини.

countryman3

Од „MINI“ тврдат дека ја подобриле и звучната изолација во кабината на „Countryman“ со воведување на нови материјали, а извршени се и мали промени во дизајнот на инструментите и вентилациските отвори.

Купувачите на располагање ќе ја имаат и најновата верзија на „MINI Connected“ мултимедијалниот систем.

Сите мотори се прилагодени така што ја задоволуваа ограничената емисија на штетни гасови која е пропишана со „Euro 6“ стандардот.

countryman4

Покрај тоа, 1.6-литарскиот турбо-бензинец кој се наоѓа во „Countryman S“ е помоќен за 6 ks, па така сега произведува 190 ks (140 kW) и 240 Nm максимален вртежен момент. Овој модел од 0 дo 100 km/h забрзува за 7,5 секунди и достигнува максимални 218 km/h.

Перформансите на другите мотори останаа непроменети.

Редизајнираниот „MINI Countryman“ ќе има официјална премиера на претстојниот саем за автомобили во Њујорк, а продажбата ќе започне во јули, најпрво на германскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП