3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДеловите за Galaxy S5 чинат 256 долари!

Деловите за Galaxy S5 чинат 256 долари!

delovi galaxy

Според извештајот кој го објави компанијата „IHS Technology“, најновиот премиум телефон на „Samsung“, моделот „Galaxy S5“ чини само 256 долари.

Поточно, толку чинат компонентите кои на крајот откога ќе се состават се добива „Galaxy S5“, а најскап дел секако е 5.1-инчниот екран за кој од вкупниот збир се плаќа 63 долари. И покрај толку високата цена на екранот, таа е пак за 12 долари поевтина кога ќе се спореди цената на екранот кој е употребен во моделот „Galaxy S4“.

Вториот најголем износ е за „DRAM“ и флеш меморијата која според проценката на „IHS“ вреди 33 долари. За читачот на отпечатоците на прстите „Samsung“ треба да одвои износ од 4 долари, додека сензорот за отчукување на срцето чини само 1.45 долари.

Конечно составувањето на уредот во една функционална целина чини 5 долари по уред. Кога сите овие износи се соберат се добива конечниот износ е 106,45 долари, што би значело дека сите останати компоненти вредат вкупно 149,55 долари.

Сепак овој износ се однесува само на хардверскиот дел на уредот, додека во него не се пресметани трошоците за истражување и развој, изработката на софтверот, маркетингот и дистрибуцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП