25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia го претстави моделот Sedona/Carnival зa 2015-та (фото)

Kia го претстави моделот Sedona/Carnival зa 2015-та (фото)

 

kia sadona

„Kia“ ја претстави новата генерација на „mini-van“ возилото „Sedona“ зa aмериканскиот пазар. Моделот, кој на другите светски пазари е познато под името „Carnival“, е значително подобрен и ќе претставува сериозна конкуренција на возилата на другите производители во својот сегмент.

Новата „Kia Sedona“ има убедлив, современ дизајн кој ќе биде важен адут во привлекувањето на идните купувачи. Основните стилски карактеристики вклучуваат впечатлива, масивна маска на ладилникот која доминира на предниот дел на возилото и големите фарови кои со својот облик ја ја следат нејзината форма.

kia sadona1

Кабинта има конвенционален дизајн типичен за ваквиот вид на возила со практични модуларни седишта.

Во верзиите наменети за потребите за превоз на „VIP“ личности, седиштата во вториот ред се опремени со потпирачи за одморање на нозете.

kia sadona2

Автомобилот има вградени бројни електронски безбедносни системи, вклучувајќи и предупредување на опасност од фронтален судар и предупредување за возило кое се наоѓа во мртвиот агол.

На американскиот пазар „Kia Sedona“ во понудата ќе има нов, 3.3-литарски V6 бензниски мотор, кој ќе ја замени постоечката 3.5-литарска V6 единица.

kia sadona4

Новиот мотор произведува 280 ks (206 kW) и 335 Nm максимален вртежен момент, а е поврзан со шестстепен автоматски менувач, за кој од „Kiа“ тврдат дека има побрз одзив при промена на брзините и благодарејќи на него потрошувачката на гориво значително ќе биде намалена.

„Kia Sedona/Carnival“ ќе пристигне во продажните салони до крајот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП