23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle го претекна Facebook и ја купи компанијата Titan Aerospace

Google го претекна Facebook и ја купи компанијата Titan Aerospace

google-titan-aerospace111

„Google“ ја купи компанијата за производство на беспилотни летала „Titan Aerospace“, според гласините, а тоа го направиле за да го спречат „Facebook“ да го стори тоа.

Безпилотните летала на „Titan Aerospace“ работат на сончева енергија, а се во можност да останат во воздухот до 5 години. Моделите „Solara 50“ и „Solara 60“ можат да вршат повеќе од операциите кои ги вршат орбиталните сателити, а при тоа можат повеќе да маневрираат и се поприфатливи.

Параметрите на договорот не беа објавени, но според запознаени со случајот, „Facebook“ се подготвувал да ја купи „Titan Aerospace“ за околу 60 милиони долари. Раководството на социјалната мрежа планирало преку безпилотните летала да ја прошират интернет мрежата и до тешко достапни области, а дроновите да дејствуваат во комбинација со аеростати.

„Google“ развива сличен сопствен проект наречен „Project Loon“, кој предвидува испорака на широкопојасен интернет во тешко достапни или сиромашни региони на планетата. Купувањето на „Titan Aerospace“ ќе и овозможи на компанијата да ги засили напорите во оваа сфера.

На крајот на март „Facebook“ најави дека ја создава лабораторијата „Connectivity Lab“, во која ќе се развиваат безпилотни летала, атмосферски сателити и ласери, со чија помош ќе се обезбеди интернет пристап на секој жител на Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП