5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов СП Маркет во Аеродром

Нов СП Маркет во Аеродром

naslovna-sp

Денеска е отворен нов СП маркет во Аеродром на ул. Коста Новаковиќ бр. 14. Со голем број попусти и со асортиман над 8.000 производи маркетот уште во првите моменти, привлече огромен број на граѓани. Тие имаа можност да се уверат во квалитетната понуда и услугата на новиот СП Маркет меѓу кои е „Топлотека“ која ќе понуди над 70 врсти јадења:  свежо зготвени топли јадења, салати, тестенини, месо, риба, домашни традиционални јадења и специјалитети од кујната на Ресторан 14.

Во понудата на супермаркетот отсега потрошувачите ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук.

DSC_0114

Новиот СП Маркет ќе работи од 7 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 7 до 20 часот во недела. Располага со 4 каси и зафаќа површина од 335м2.

DSC_0083

„Се надеваме дека нашиот нов СП Маркет, ќе биде вистински одговор на секојдневните потреби на граѓаните, пред се за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени. Новиот СП Маркет ќе располага со широк асортиман на бројни други производи за широка потрошувачка, се со цел да им го олесни животот на граѓаните и да им одговори на нивната лојалност и доверба од почетокот па сè до денес, бидејќи вистинскиот комшија е оној кој е секогаш подготвен да помогне“, изјави Марија Тасиќ од одделот за маркетинг на Скопски Пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП