24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia во март забележа рекордна продажба во Европа

Kia во март забележа рекордна продажба во Европа

kia mia2

Со 40.479 испорачани возила во март, „Kia“ дојде од историски рекорд кога станува збор за месечната продажба на автомобили на европскиот пазар. Рекордна продажба е забележана и во првиот квартал за корејскиот производител кој пласираше скоро 90.000 возила.

„Kia“ во 30 европски земји во март продаде 40.479 возила, што е 10 проценти повеќе отколку во истиот месец во 2013-та. Во првите три месеци од 2014-та на купувачите во Европа им беа испорачани 89.450 примероци, што претставува зголемување од 7,4% во однос на истиот период од пред една година претходно.

Најважен пазар за „Kiа“ во Европа во првиот квартал беше британскиот (21.631 возила), по што следуваа германскиот (11.602), италијанскиот (8.306), францускиот (7.591) и шпанскиот (5.707). Притоа повеќе од 55% од автомобилите во Европа, воедно се произведени на овој континент.

„„Kia“ oд 2008-та бележи раст во продажбата во Европа, а во тој период го зголеми својот пазарен удел од 1,7% дo 2,7% во 2013-та година“, истакна извршниот директор на „Kia Motors Europe“, Мајкл Кол.

Најпродавани модели на „Kiа“ во првиот квартал во Европа беа „Sportage“ (24.144 возила) и семејството „Cee’d“ (18.876), a следат „Rio“ (15.383), „Picanto“ (14.006), „Venga“ (6.681) и „Carens“ (5.907).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП