7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфонот на Amazon пристигнува во јуни

Смартфонот на Amazon пристигнува во јуни

amazon-smartphone-tmc-1

„Amazon“ до јуни ќе го претстави својот смартфон, се наведува во најновиот извештај на „Wall Street Journal“.

Како што е наведено во извештајот, „Amazon“ во наредните недели на програмерите ќе им го претстави прототипот од новиот мобилен уред.

„WSJ“ исто така додава дека смартфонот ќе може да прикажува „3D“ содржини без да бара од корисниците да носат специјални очила. Најверојатно во најголемата светска интернет продавница со години работеле на новиот уред кој во втората половина од годината ќе се појави на пазарот.

Во „WSJ“ веруваат дека „Amazon“ ќе стане многу сериозен конкурент на водечките „Apple“ и „Samsung“.

Потсетуваме, „Amazon“ пред три години ја лансираше својата продавница на која има повеќе од 200.000 апликации. Новиот смартфон ќе има сличен систем како и таблетите „Kindle“, со карактеристичен дисплеј и апликации од продавницата на „Amazon“.

Ќе биде интересно да се следи битката со телефоните „Samsung S5“ и „HTC One“, но и со уредот на „Apple“ кој е најавен за почетокот на оваа есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП