20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S5 веќе ги соборува рекордите на S4

Samsung Galaxy S5 веќе ги соборува рекордите на S4

s5

Извештаите од Кореа велат дека „Samsung Galaxy S5“ ужива значителна популарност од првиот ден на продажбата и веќе успеа да постави нови рекорди во текот на денот во кој е лансиран на пазарот.

Се истакнува дека во текот на првиот ден „Galaxy S5“ според продажбата го надминал својот претходник за преку 30 проценти. Исто така се истакнува дека во Европа продажбата е повеќе од дуплирана во споредба со резултатите на моделот „Galaxy S4“. Но, бројката би била уште поголема, доколку не беа потрошени лимитираните резерви.

„Samsung Galaxy S5“ во петокот беше пуштен во продажба на 125 пазари ширум светот, што преставува најголемо лансирање кое компанијата од Јужна Кореа досега го има спроведено. Во наредните неколку денови смартфонот ќе пристигне на уште 25 дополнителни пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП