9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGorilla Glass – стакло од милијарда долари

Gorilla Glass – стакло од милијарда долари

gorila glass

Се проценува дека 2.4 милијарди уреди ширум светот користат „Gorilla Glass“. Станува збор за идеално стакло за најиновативните електронски уреди, од паметните телефони, па се до компјутерите.

Многу компании не само што го интегрираа „Gorilla Glass“, туку веќе и дизајнираат според него. Па така „Corning Gorilla Glass“ веќе се наоѓаат кај повеќе од 33 главни брендови и на 2.400 модели на производи.

Стаклото „Gorilla Glass 3“ не само што е тенко, лесно и цврсто, веќе за разлика од претходниот модел, кој е претставен во 2012-та година, три пати повеќе е отпорен на гребаници, а 8 до 10 пати повеќе од првиот модел.

Бидејќи е и до 20 проценти потенок од првиот модел, им овозможи на „Apple“, „Google“ и „Samsung“ да произведуваат уште потенки уреди.

Компанијата „Corning“ годишно заработува 8 милијарди долари, а на ова стакло една милијарда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП