21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari ќе нуди 12-годишна гаранција

Ferrari ќе нуди 12-годишна гаранција

fer garancija

Сопствениците на нови автомобили на „Ferrari“ веќе можат да бидат сигурни дека цели 12 години нема да плаќаат ништо за своите возила, ако нешто се оштети.

Од 1-ви мај производителот на луксузни автомобили ќе воведе гаранциска програма во два дела. Сопствениците ќе можат да додадат две години на стандардниот 3-годишен период на гаранцијата или пак можат да изберат опција во која гаранцијата се обновува секоја година до 12-тата година по регистрацијата на возилото.

Сите нови модели на „Ferrari“ се дел од програма, вклучувајќи бесплатно, седумгодишно одржување. И додека тоа е добра вест за богатите купувачи, во соопштението на „Ferrari“ од компанијата признаваат и за еден друг мотив.

Оваа програма за поддршка има за цел да се одржува добрата состојба на возилата на патот и да ја задржуваат нивната вредност со поминатите години. Ова е момент, кој од „Ferrari“ постојано го истакнуваат од неодамна. Откако произведе 7.318 автомобили во 2012-та година, компанијата објави дека во 2013-та година е намалено производството.

„Мојот фокус во оваа и во наредните години е не да ја зголемуваме продажбата, туку да ја зголемуваме ексклузивност на „Ferrari“, вели претседателот на компанијата Лука ди Монтидземоло.

Помалку произведени автомобили значи дека секој продаден е повеќе вреден. Добрата гаранциска програма ја задржува оваа вредност со текот на времето. Планот на компанијата засега е успешен. Приходите на „Ferrari“ се зголемија за 5% во 2013-та година, а профитот за 8.3 % што доведе до рекордно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП