1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува неколку нови уреди за оваа година

Apple подготвува неколку нови уреди за оваа година

Earns Apple

Од пред извесно време „Apple“ како да седи настрана во трката со другите производителите, кога станува збор за премиера на нови уреди. Според аналитичарите од „KGI Securities“ причината за тоа е дека во моментов компанијата подготвува неколку новини кои ќе ги претстави во наредните месеци.

„Apple“ е во процес на развој на втората генерација на таблетот „iPad Air“. Тој ќе располага со новиот процесор „Apple A8“, сензор за отпечатоци и други новитети. Според „JP Morgan“, пак новиот процесор ќе биде 64-битен и ќе има поголема продуктивност од процесорите „Core i5“ на „Intel“. Очекувањата на „KGI“ се дека „iPad Air 2“ своето деби ќе го има наесен.

Тогаш ќе биде прикажан и „iPad Mini Retina“. Компактниот таблет ќе е со уште потенко куќиште, но ќе ја задржи истата тежина и димензии. Екранот ќе е со „Retina“ технологија, а хардверот исто така ќе е подобрен.

Според „KGI“, „Apple“ подготвува и „iPad“ со дисплеј од 12,9 инчи. Тој ќе биде наменет за професионалци и дизајнери, а се очекува да се појави на пазарот веќе следната година.

Серијата лаптопи „MacBook“ ќе биде надградена. Аналитичарите велат дека „Apple“ ќе покаже 12-инчен „MacBook Air“ со „Retina“ дисплеј, а на пазарот може да го очекуваме кон крајот на годината.

Во сегментот на „iPhone“, исто така ќе има промени. Се очекува да биде прикажан модел со 5,5-инчен дисплеј во палетата на фаблети. Тој ќе се појави подоцна од „iPhone 6“, кој ќе е со 4.7-инчен екран. Според „KGI“ овој модел ќе биде хит и се очекува да оствари продажба од 60 милиони примероци во првата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП