7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверот Lexus NX пристигнува на саемот во Пекинг (фото)

Кросоверот Lexus NX пристигнува на саемот во Пекинг (фото)

lex

„Lexus“  ги објави првите фотографии и прелиминарни технички детали за кросоверот „NX“ кој претставува поблага верзија на концептот „NF-NX“ од 2013-та. Првото појавување пред публиката овој модел ќе го има на саемот во Пекинг.

Иако јапонскиот производител беше принуден на продукцискот модел да отстрани некои контроверзни детали од концептниот автомобил, „Lexus NX“ го задржа дизајнот кој го одвојува од конкуренцијата.

lex1

Возачите на другите автомобили и натаму нема да им биде сеедно кога за прв пат во ретровизорот ќе ја видат маската на ладилникот на овој кросовер, но барем нема да помислат дека станува збор за возило од „SF“ филмовите.

Генерално, впечаток е дека дизајнерите направиле добра работа. „NX“ ги задржа основните визуелни карактеристики кои ги красат најновите модели на овој производител – големата маска на ладилникот со карактеристичен облик и дневни „LED“ светла во форма на буквата „L“.

lex2

Заоблените и остри линии на надворешноста меѓусебно се испреплетени и хармонично се вклопени во една целина.

„Lexus“ покрај стандардниот модел претстави и варијанта со пакетот „F SPORT“. Гледајќи од предната страна, двете верзии најмногу се разликуваат по текстурата на маската на ладилникот, но и по некои други стилски детали, како што се светлата за магла.

lex3

Покрај тоа, основната верзија има 17 инчни алуминиумски бандажи, додека за „F SPORT“ се резервирани тркала од 18 инчи.

И дизајнот на задниот дел на возилото е значително ублажен во споредба со концептот, а задржана е специфичната форма на стоп светлата.

lex4

Внатрешноста на двете верзии е обложена со квалитетни материјали, меѓу кои доминира кожата. И стандардниот и „F SPORT“ модел им нудат на патниците во кабината чувство дека се возат во многу луксузен автомобил.

Боите и материјалите кај стандардниот модел се одбрани така што ја истакнуваат неговата елеганција, додека кај „Lexus NX“ со пакетот „F SPORT“ тие имаат функција на спортски имиџ на возилото.

На врвот на централната конзола се наоѓа голем екран за мултимедијалниот систем во форма на таблет.

lex5

Што се однесува до моторите, засега се знае дека основниот модел, „Lexus NX 200“ ќе има атмосферска единица.

Моделот „NX 200t“ под хаубата ќе има 2.0 литарски турбо-бензински мотор, а предвидена е и хибридна верзија, „NX 300h“.

lex6

„Lexus NX“ ќе биде достапен во верзија со преден и погон на сите четири тркала.

Се очекува спецификациите на моторот и другите технички детали да бидат објавени по премиерата на овој кросовер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП