15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel забележа најголем пазарен удел во Европа од 2011-та

Opel забележа најголем пазарен удел во Европа од 2011-та

opel mokaf

Во март 2014-та година, „Opel“ оствари 6.7 проценти учество во продажбата на возила на европскиот пазар, што е најголем пазарен удел на оваа компанија од јуни 2011-та.

Според прелиминарните податоци, бројот на новорегистрирани „Opel“ возила во март порасна на околу 133.700, што претставува зголемување од 9.3 проценти во споредба со истиот месец во 2013-та.

Во првите три месеци од 2014-та, бројот на продадени возила во Европа е зголемен за повеќе од 12.700 или на околу 271.000 автомобили.

„Одржувањето на нашиот раст се рефлектира и на моменталните нарачки. Заклучно со крајот на март добивме околу 20.000 нарачки повеќе отколку во првиот квартал од 2013-та“, вели членот на Управниот одбор на компанијата, Питер Кристијан Кусперт.

„Моментално најпродаван меѓу новите модели е „Opel Mokka“, кој од своето појавување на пазарот досега има преку 200.000 нарачки“, рече Кусперт.

„Задоволни сме и од побарувачката на моделот „ADAM“ кој е заслужен за 80.000 нарачки, додека за редизајнираната „Opel Insigniа“, веќе се одлучија 85.000 купувачи“, додава тој.

„Opel“ особено успешен беше на домашниот пазар, во Германија. Со 7.1 проценти удел во вкупниот пазар на автомобили во март, а оваа марка забележа пораст од 0,3% во споредба со истиот месец од 2013-та година.

Во текот на првиот квартал од 2014-та, пазарниот удел на „Opel“ во Германија беше 6,7 проценти, што е за 0.2 проценти повеќе отколку во истиот квартал од претходната година.

И „Mokka“ и „Meriva“ беа во првиот квартал од 2014-та година на второто место според продажбата меѓу возилата од својот сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП